Полицаец во САД застрела тинејџер кој му впери пиштол-реплика

Од:

Полицаец во Јутика, во северниот дел на американската сојузна држава Њујорк убил тинејџер кој му вперил пиштол реплика додека бегал, соопшти полицијата.

Пукањето се случило во петокот вечерта откако полицијата запрела двајца млади момчиња околу 22.18 часот пренесе АП.

Еден од нив побегнал и вперил пиштол кон полицајците, се вели во соопштението на полициската управа. Еден од полицајците испукал еден истрел кон тинејџерот, кој бил пренесен во болницата Вин, каде што починал од повредите.

Полицајците подоцна пронајдоа пиштол реплика GLOCK 17 Gen 5 со рамка, се вели во соопштението. Полицијата не го соопшти идентитетот на полицаецот или тинејџерот, за кој велат дека има 13 години и има азиско потекло.

Полицијата соопшти дека ќе објави извештај со „сеопфатен преглед на настаните“ во следните неколку дена.

Би можело да ве интересира

Тригодишно дете со пиштол уби бебе во САД

Во пукање на Државниот универзитет во Џорџија, еден млад човек е убиен, петмина се ранети

Горан Наумовски

Три лица загинаа, а осум се ранети во пукање во училиште во Мисисипи

Шериф е обвинет за убиство на судија во судот во Кентаки

Мртви и ранети во оружен инцидент во училиште во Џорџија

Застрелано бебе на паркинг во Чикаго: Родители дошле да земат храна, двајца мажи пукале во нив