ВИДЕО: Субрата Рој со песна ќе праќа порака за мир во светот

Од:

Со настапи на танцувачки групи и пејачи, „Сахара фестивалот на мирот“ ја одржа последната проба пред одржувањето на главната манифестација, која ќе се одржи на 2-ри Октомври.

Главниот координатор на фестивалот, Индиецот Армес Кандра вели дека деталната програма ќе и биде соопштена на јавноста за неколку денови. Воедно, во петок ќе се одржи и хуманитарен кошаркарски натпревар во рамките на овој проект. Според информациите што ги сподели Кандра, се планирани пејачи и филмски ѕвезди од Обединетото Кралство и Индија.

– Нам ни е мило што преку овој фестивал ќе го манифестираме мирот во светот. Балканот ќе биде центар од каде што ќе се праќаат глобални пораки за мир, изјави Кандра.

Досега „Сахара фестивал за мирот“ организира неколку настани, кои беа најава за фестивалот кој ќе се одржи на почетокот на Октомври.

Публиката пред „Воинот на коњ“ ја забавуваа тинејџери со кореографии на песни од Мајкл Џексон, исто така настапија и Викторија Лоба и Ѓоко Таневски.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска