Дачиќ: Станува збор за терористички напад во кој се вклучени лица кои имаат врски со вахабистичкото движење

Од:

Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го посети повреден припадник на Жандармеријата кој е тешко ранет од самострел додека ја обезбедувал Амбасадата на Израел во Белград. Дачиќ претходно изјави дека неидентификувано лице, чиј идентитет се утврдува, денеска околу 11 часот пукал со самострел во припадник на Жандармеријата и го ранил во вратот.

Припадникот на Жандармеријата М.Ј. (1990) употребил оружје во самоодбрана и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.

– Специјалното обвинителство го презеде случајот, иако идентитетот на лицето не е утврден, но нема сомнеж дека се работи за терористички акт насочен и против државата Србија и против припадниците на Жандармеријата. Дали поединец делувал сам или групно ќе дознаеме наскоро… Превентивно уапсивме други лица кои беа во близина на полицискиот објекти. Некои сомнежи се веќе присутни и има индиции дека се работи за луѓе кои се познати на безбедносните служби и се работи за вахабистичко движење, но тоа не е потврдена информација. Ги зајакнавме сите безбедносни мерки во градот. Напаќачот имал и нож. Заклучокот е дека станува збор за терористички напад во кој се вклучени лица кои имаат врски со вахабистичкото движење – рече министерот Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Маж од Нови Пазар повикувал на тероризам, полицијата го уапсила

Горан Наумовски

Уапсен маж со самострел во Белград: Имал седум стрели, влегол во полициска станица

Во Црна Гора е уапсена сопругата на убиениот терорист од Белград

Горан Наумовски

Вучиќ: Ова е смислен терористички напад, ќе има уште апсења, црвена тревога до вторник

Дачиќ: Синагогата во Белград беше можна прва мета на Жујовиќ

Српската полиција трага по сопругата на убиениот терорист од Белград

Горан Наумовски