Во престрелката што се случи денеска во северен Лас Вегас загинаа пет лица, а една тинејџерка е ранета, додека полицијата во меѓувреме го идентификуваше напаѓачот (47).
Полицијата на лице место, во станбена зграда пронашла две ранети жени, кои според соопштението починале на пат кон болница. Убиените жени се во раните 40-ти и доцните 50-ти, се додава.
Детективите ја продолжиле истрагата за убиство во станот и пронашле 13-годишно девојче кое било рането. Детето е во критична состојба во Универзитетскиот медицински центар во Лас Вегас, соопшти полицијата.
Детективите потоа дознале за потенцијално повеќе жртви на пукање во блискиот стан и пронашле две жени во средината на 20-тите години и еден маж во раните 20-ти години, кои сите биле застрелани, соопшти полицијата. Медицинскиот персонал констатирал смрт на лице место, соопшти полицијата.
Осомничениот е идентификуван како 47-годишниот Ерик Адамс.
– Адамс е лоциран и „повеќе не е закана за заедницата, соопшти полицијата.
Идентификацијата на петте жртви, заедно со нивните причини и начинот на смрт, ќе биде обезбедена од Канцеларијата на судска медицина во округот Кларк, соопшти полицијата.
Се уште не е познат мотивот за нападот.