Затвореник од „Идризово“ починал од повредите кои му ги нанесол осуденик во тепачка

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело тешка телесна повреда.

„Осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор „Идризово“ – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни. Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

МВР: Во „Идризово“ бил претепан и силуван 40-годишен осуденик

Во центарот на Скопје уапсен бегалец од „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ му се заканувал на неговиот поранешен адвокат

Горан Наумовски