Министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникот во Луксембург се договорија за правна рамка за користење на приходите од замрзнатите руски средства за помош на Украина, заобиколувајќи ја унгарската блокада, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Борел рече дека ЕУ нашла начин да ја заобиколи унгарската блокада и ќе испрати 1,4 милијарди евра приходи од замрзнатите руски средства веќе следната недела за да и помогне на Украина со оружје и муниција.
„Законски гледано, бидејќи една земја-членка не учествуваше во одлуката за користење на приходите од замрзнатите руски средства, нема право да учествува во одлучувањето за какви цели ќе се користат овие средства. Сега ќе ја забрзаме работата без блокади“, рече Борел.