Ситуацијата за вооружените сили на Украина во градот Часов Јар во Донбас е исклучително тешка, соопшти 24-та механизирана бригада на украинската армија.
„Ве известуваме дека единиците на 24-та посебна механизирана бригада се префрлени за зајакнување на одбраната на подрачјето на Часов Јар. Ситуацијата во и околу градот е исклучително тешка“, се наведува во соопштението на социјалните мрежи.
На крајот на мај врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, ја објави тешката ситуација за украинската армија на фронтот. Според него, жешките точки се Ивановско и Часов Јар.
Од друга страна, Русите соопштија дека го чистат Часов Јар од украинските сили.