Изгоре жито меѓу карбинските села Долни Балван и Трогерци

Од:

Штип, 20 јуни 2024 (МИА) – Меѓу селата Долни Балван и Трогерци во Општина Карбинци опожарен е комбајн и поголема површина на жито, кое не е ожнеано. Командирот на Територијалната Противпожарна едница (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов за МИА вели дека пожарот настанал откако се запалил комбајн кој жнеел јачмен, по што огнените јазици зафатиле и дел од неожнеаното жито. Повикот до нив е пристигнат околу 14 часот, а во моментов е изгаснат и пожарникарите се вратени од терен.

-Комбајнот е опожарен, за среќа имале противпожарен апарат и не дозволиле да биде зафатен целосно, но пожарот се проширил и по ожнеаниот дел, но и по житото кое требало да се жнеее, околу 20 хектари се зафатени, вели Ренџов.

Пожарот го гаснеле осум пожарникари со три противпожарни возила. Ренџов вели дека денеска имале и уште една помала интервенција во градот Штип.

Би можело да ве интересира

Приносот на жито во Русија годинава достигна 130 милиони тони

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Полска го забрани увозот на украинско жито

Русија: Ќе го обновиме договорот за извоз на жито, но за 60 дена

Ердоган и Путин разговарале за можностите за извоз на други стоки по таканаречениот „коридор на жито“

Белорусија ќе дозволи транзит на украинско жито во Литванија