Спасовски: Предлогот за новата Влада е без план во економијата и стратешките цели

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски смета дека од предлогот за работа и состав на новата Влада јасно е дека не постои јасен план во делот на економијата и нема јасни правци за стратешките интереси. Тој денеска во изјава за медиумите во Собранието рече дека кадровскиот потенцијал што се нуди не одговара на очекувањата на граѓаните.

-Од поднесениот предлог за состав на новата Влада може да се констатира дека се продолжува во насока на големи ветувања и напразно кревање на очекувањата на граѓаните. Во суштина важи народната “каде што имаат големи ветувања одете со мала торба“, рече Спасовски.

Според него, не постои јасен план во делот на економијата.

-Не постои јасен план во делот на економијата. Како и на кој начин ќе се заштити минималната плата? Како ќе расте просечната плата во државата? Нема детален план како ќе растат пензиите и кој ќе биде системот на гарантирање на растот на пензиите. Како ќе се стопираат зголемувањата на цените, што ќе се прави во делот на здравството како еден од клучните сегменти. За жал немаме ниту јасни правци за исполнување на нашите стратешки интерери, членството во ЕУ, освен декларативните, посочи Спасовски.

Кадровскиот потецнијал кој се нуди, како што потенцира тој, не може да одговори на очекувањата на граѓаните, ниту пак на ветувањата кои што беа дадени во предизборниот период.

-Ова е Влада којашто е составена од една страна со кадри кои креираа политики во еден период на вледеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година, кои не може да понудат ништо ново или подобро од тоа што било во тој период. Од друга страна кадри кои не биле на позиции и за кои не можеме да кажеме како ќе постапуваат. Има предложени кадри за коишто самото ВМРО-ДПМНЕ имаше многу негативни ставови и мислења како опозицијата. Се сеќавате на изјавите за кандидатот за министер за здравство. Така да се тоа уште еднаш потврдува дека нема реалност во ветувањата. Детално ќе ја анализираме програма и на седницата за избор на Влада ќе дебатираме со факти и аргументи, рече пратеникот Спасовски денеска во македонското Собрание.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните

(ВИДЕО) СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

А1он

Спасовски до Мицкоски: Направивте брутална партизација со бројни примери за непотизам

А1он

Мицкоски: Мојата визија е јасна, Македонија ќе биде држава каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ