Две лица загинаа, а најмалку шест се повредени во пукање во парк во градот Раунд Рок во американската сојузна држава Тексас, за време на фестивалот кој го славеше денот на 19 јуни 1865 година, кога беше укинато ропството на Афроамериканците во САД.
Во пукањето што се случи во близина на концертната сцена, најмалку шест лица се повредени и пренесени во неколку болници со „потенцијално сериозни“ повреди, соопштија од итните служби, пренесува ABC News.
Меѓу повредените има тројца возрасни и две деца.