Најмалку шест лица, меѓу кои две деца, се пренесени во болници со потенцијално сериозни повреди по пукањето во парк во градот Раунд Рок, во американската сојузна држава Тексас, соопштија денеска локалните власти.
Престрелката се случила вчера вечер во градскиот парк „Стари доселеници“, а рано утринава на тој простор е зголемено полициското присуство, објави на социјалните мрежи полициската управа Раунд Рок, пренесува ABC News.
Четворица возрасни и две деца се пренесени во локалните здравствени установи, соопштија од итните служби.