Украинскиот фудбалер Михаило Мудрик вели дека ќе игра на ЕУРО 2024 знаејќи дека неговото семејство се соочува со руски ракети „ден и ноќ“ во неговиот роден град Красноград, јавува Би-Би-Си.
Мудрик е еден од 13-те украински играчи кои зборуваа за нивните родни места разурнати од војната во видеото произведено од националниот фудбалски сојуз.
Во видеото се појавија и левиот бек на Арсенал, Олександр Зинченко и дефанзивецот на Бурнемут, Илја Забарни.
"Our cities would love to host the EUROs, but they are fighting for freedom!"
13 players from the Ukraine NT address the world before EUROs. Their hometowns have been affected by Russian aggression – they are either damaged or temporarily occupied. pic.twitter.com/TjhsR6h7OS
— Ukrainian Association of Football (@uafukraine) June 13, 2024
Истото го направи и напаѓачот на Динамо Киев, Микола Шапаренко, кој рече дека неговото село од детството Велика Новосилка било „целосно уништено од Русија“.
Фудбалската репрезентација на Украина во понеделник на воведниот натпревар на Европското првенство во Германија ќе игра против Романија.
Играчот од средниот ред на Челзи, Мудрик, рече: „Од почетокот на војната во целосен обем, мојот град е бомбардиран со проектили дење и ноќе“.
Тој додаде дека неговите родители остануваат во Красноград и „продолжуваат да ги градат своите животи таму и секогаш веруваат во победата на Украина“.
Градот – исто така родното место на голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин – се наоѓа во регионот Харков во источна Украина.