Израел стои зад предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, а целта е да се премости јазот со Хамас и брзо да се постигне договор, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Саливан им рече на новинарите на маргините на самитот на лидерите на Групата седум (Г7) во Пуља, Италија, дека светот треба да ја охрабри милитантната палестинска група да го прифати предлогот на Израел за прекин на огнот и да избегне застој на преговорите.
Хамас во средата соопшти дека покажал „целосна подготвеност“ во напорите да се постигне договор за прекин на огнот со Израел во конфликтот во Појасот Газа.