Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јужна Кореја, предизвикувајќи мала штета на зградите. Во најсилниот земјотрес во оваа земја од почетокот на годината нема повредени, пренесува АП.
4.8 Earthquake Strikes Busan, South Korea#earthquake #quake #sismo
Long Version:https://t.co/DSfExFazMK pic.twitter.com/bJlXUvz3uv— Meteor News (@FishNewsChannel) June 12, 2024
Земјотресот се случи во Буан, на длабочина од осум километри.
Националната агенција за пожари соопшти дека биле регистрирани осум помали материјални штети во Буан и соседниот град Иксан, каде што биле напукнати ѕидовите на некои куќи.
Комисијата за нуклеарна безбедност на Јужна Кореја објави дека проценува дека земјотресот не ја загрозил безбедноста на нуклеарните централи во земјата.