Агелер: Енергетската сигурност и зелената енергија се приоритети што треба да ги надминат партиските политики

Од:

Енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритетa кои ќе треба да ги надминат партиските политики, порача денеска американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

Обраќајќи се на седмото издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) што се одржува во Скопје, Агелер истакна дека Северна Македонија во голема мера закрепна од неодржливото енергетско опкружување, но допрва претстојат вистински предизвици. Според неа, земјава треба да го завршно грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.

– Со интерконекторот Северна Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата на земјата од јаглен кон други извори, потенцира Агелер, потсетувајќи дека Северна Македонија ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција.

На форумот ќе стане збор за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, трансформација на енергетската инфраструктура, еколошка одржливост, примена на технологија и иновации, како и за финансирање на реформите кон зелена транзиција.

Во тек е обраќање на мандатарот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека енергетската транзиција ќе биде приоритет на идната влада.

Пред него зборуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир, кој уште еднаш ја искажа европската поддршка за реформите на земјава кон зелената транзиција.

Би можело да ве интересира

Агелер со честитка до Сиљановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија

A1on

Левица бара извинување од Амбасадорката на САД за честитката до Џафери

А1он

Ковачевски-Агелер: САД сакаат да ја видат Македонија што поскоро во ЕУ

Членството на Македонија во ЕУ е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка

Агелер: Правниот тим на Амбасадата ги разгледува измените на КЗ, важно е да се почитуваат процедурите на правниот систем

Ковачевски-Агелер: Пратениците треба да покажат државничко однесување