Руски воен авион Су-34 се урна во Северна Осетија поради техничка неисправност, а екипажот загина, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Во Република Северна Осетија-Аланија, во планинска област, авион Су-34 на руските воздушни сили се урна за време на редовен тренинг лет“, се вели во соопштението пренесува РИА Новости.
Се додава дека авионот се урнал во ненаселена област.
Во соопштението се наведува дека, според прелиминарните информации, причина за падот на авионот е техничка неисправност и дека на местото на падот на авионот пристигнала воена истражна комисија.