Нови милион и пол евра за превод за стручни книги

Од:

Министерството за култура ќе потроши нови 1,5 милиони евра за превод на дела од светската литература. Потпис на договорот стави Друштвото за образование на деца и возрасни „АРС СТУДИО Тамара ДООЕЛ-Скопје“, кое доставило најниска понуда од вкупно 3 понудувачи.

Договорот е склучен пред десетина дена и во него стои дека „АРС СТУДИО Тамара ДООЕЛ – Скопје“ во рок од 3 и пол години процесот на превод и лектура на странски книги од областа на филозофија, историја, психологија со психоанализа треба да биде завршен.

Во рамките на Меѓунардниот саем на книгата во Април годинава, министерката Елизабета Канческа – Милевска го презентираше проектот „Врвови на светската филозофија“ и информира дека новата едиција ќе содржи 243 книги, а ќе биде збогатена со уште 44 преводи, предложени од професори на Филозофскиот факултет. Сепак, за разлика од минатиот пат, на страницата на Електронското биро за јавни набавки, не пишува за тоа кои книги ќе бидат преведувани.

Пред само неполни четири месеци, како што стои на Е- бирото за јавни набавки, Министерството за култура склучило уште еден договор со истата фирма за превод на книги како дел од проектот „Ѕвезди на светската уметност“, во вредност од милион и педесет илјади евра. Склучениот договор се однесува на 18 месеци, а за тој период треба да се преведат 3.626 книги кои не подлежат на обезбедување на авторски права.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање