Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека на денешните избори за Европскиот парламент (ЕП) е неопходно да се изберат пратеници кои ќе ги поддржат мировните иницијативи, а не продолжувањето на војната во Украина.
По гласањето на изборите за ЕП во болницата, тој рече дека „Словачка нема да биде вовлечена во воените авантури на одредени западни земји кои се согласија Украина да го користи своето оружје за цели во Русија“.
Фицо оцени дека ваквата одлука укажува на желбата на тие земји за ескалација на конфликтот.