(ВИДЕО) Филипче: Недостасува јавна и експертска дебата, има нејасни сегменти за поделба на министерствата

Од:

Главното прашање е зошто овој системски Закон се носи по скратена постапка. Недостасува анализа на министерства, многу важен сегмент кој ќе означи како ќе функционира владата во иднина, рече пратеникот на СДСМ, Венко Филипче во македонското Собрание за време на синоќешната дебата во однос на предложениот закон од страна на владејачкото мнозинство за реорганизација на државната управа.

-Само неколку примери. Прво за Министерството за економија. Прашање е дали ќе се изградат капацитети во делот на енергетиката? Министерството за економија останува ослабено. Дополнително со преземање на дел од Министерството за надворешни работи за потпишување на одредени договори. Повторно се поставува прашањето дали не треба да се направи прво анализа за капацитетите на дипломатските претставништва и како ќе функционира тоа како еден систем во иднина? Понатаму министерството за спорт, каде што во најголемиот број земји, пред се европски, е заедно со сегментот за млади. Така се постигнуваат врвни резултати во делот на спортот, пред се кај младите, како на пример во Словенија, токму поради таа поврзаност, рече Филипче.

Јавноста и експертите треба да бидат повеќе вклучени во анализа и споделувања на мислења, доколку се утврди дека ова на пример е нешто што навистина носи поголема ефикасност Законот да се донесе во редовна постапка, заклучи пратеникот Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: САД најавуваат посебен закон за Западен Балкан против корупцијата, сега е сè јасно