Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повлекува плановите за формирање петгодишен фонд од 100 милијарди долари за воена помош за Украина, по протестите на одредени земји-членки на Алијансата, изјавија за Блумберг неименувани извори.
Агенцијата наведува дека, според новиот предлог, за кој се очекува да добие поддршка од министрите за одбрана на земјите членки на состанокот во Брисел следната недела, земјите од НАТО ќе се обврзат годишно да доделуваат најмалку 43 милијарди долари помош за Украина, што би вклучувало оружје и други форми на помош.