Итните пациенти се приоритет, хроничните болни на чекање во стара Градска поради застојот на Клинички

Од:

Раководителот на Одделот за трауматологија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, денеска во изјава за медиуми посочи дека работат со полн капацитет, во услови на проблем со хируршките сали на Клинички.

-Во принцип секогаш работиме со полн капацитет. Сега во последниот период со актуелната состојба, стопроцентно нашиот ангажман е околу итните пациенти кои ги примаме од целата држава, рече Настов.

На новинарско прашање дали хроничните пациенти мора да се одложуваат поради настанатата состојба и дали со тоа се зголемува листата на чекање на Одделот за трауматологија и ортопедија, тој одговори дека се одложени не само на овој оддел туку и во целата болница, сите, условно кажано, елективни пациенти, со цел, вели, да може да се излезе во пресрет на побарувањата за итните пациенти кои доаѓаат од целата држава.

-Генерално, најверојатно толку колку што траел периодот на одложување, толку ќе трае и периодот на надополнување, одговори тој, на прашањето, колку ќе им треба подоцна, за да се вратат во нормално функционирање, да се истретираат сите тие елективни пациенти.

Капацитетот во последните три недели е исполнет од 95 до сто проценти.

Нермин Шакири, економски директор на болницата, апелираше што побрзо да се надминат проблемите со хируршките сали на Клинички, за кај нив, работите да се вратат во нормала.

Би можело да ве интересира

Нова компресорска станица за четири месеци, Министерството за здравство ќе потпише договор со единствената фирма која се пријави на тендерот

Таравари: Најдобро би било да имаме и нова компресорска станица и старата да ја зачуваме и сервисираме

Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали

До петок ќе има одлука за решавање на проблемот со хируршките сали во Клинички

Катерина Ѓуровски

Таравари од првиот ден почна да ги разрешува економските директори на клиниките

Катерина Ѓуровски

Трајановски: Со надворешни компресори досега изведени 70 операции, работите полека ќе се враќаат во нормала