Со особено задоволство и гордост Ве информираме за уште една наша активност во областа на општествената одговорност и помошта кон заедницата. Како најнова нашта активност во оваа насока беше и подршката на Виенскиот Бал во Скопје за 2024 година, како еден од спонзорите, во кој зазедовме учество со цел да дадеме и наша хуманитарна поддршка.
Оваа година, Виенскиот Бал се одржа на 10 мај во хотел Александар Палас, обединувајќи го духот на австриската култура со македонската традиција но и истакнувајќи го неговиот хуманитерен карактер.
Нашата компанија отсекогаш се стремела кон поддршка на културните настани и промоција на уметноста и културата во нашата заедница, но од самиот почеток акцент на нашето работење ставаме на донациите и спознорствата кои се од хуманитарен карактер.
Горди сме што сме дел од овој значаен културен настан и што можеме да придонесеме во поддршка на културата. Со овој чекор апелираме до сите компании во Македонија да се придружат во поддршката на настаните од овој тип, особено кога се од хуман карактер а со тоа заеднички да го подигнеме нивото на културна и хуманитарната свесност во нашето општество.
Исто така, ја потвруваме нашата заложба со подршката на хуманитарни настани и остануваме отворени за сите предлози од граѓани или организации на кои им треба подршка од ваков тип да ни се обратат, за согласно нашите можности позитивно да одговориме онаму каде што можеме.