Ѓоковиќ опериран: нема да игра на Вимблдон, неизвесен е за Олимписките игри

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рано утрово беше опериран на коленото. Тој се повреди на мечот против Франциско Серундоло на Ролан Гарос по што се повлече од грен-смелот во Париз.

Потоа беше одлучено тој да оди на хируршка процедура, што се случи утрово во Париз, пренесува „Газета“.

Се очекува Ѓоковиќ да има пауза од три недели, практично да се прости од учеството на Вимблдон. Дали ќе игра на Олимпијадата зависи од неговото опоравување.

Шансата да се најде на претстојните Игри во Париз е и причината поради која Новак реши веднаш да реагира и на тој начин да ја задржи секоја шанса за освојување на златниот медал што му недостасува.

Олимписките игри почнуваат на 26 јули.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ се откажа од Париз, веројатно нема да игра и на завршниот турнир

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

ВИДЕО: Ѓоковиќ во четвртфиналето на Австралија опен по меч кој не е виден повеќе од 50 години

Ѓоковиќ со осцилации до четвртфиналето

ВИДЕО: Полицијата со солзавец ги растера навивачите на Ѓоковиќ

Катерина Ѓуровски