ВИДЕО: Откриен идентитетот на тројцата млади кои се гушкаат среде поплавата, а потоа ги однесе водата

Од:

Во Италија уште се трага по тројца млади кои исчезнаа кога ги однесе поплава во провинцијата Удине. Тие се снимени како се гушкаат сред водата, додека луѓето беспомошно ја гледаа потресната сцена, не можејќи да им помогнат.

Инцидентот се случи во петокот околу 14 часот, кога итната помош тргна во потрага по младиот човек и двете девојки, кои останаа заробени во реката Надижа.

Италијанските власти потврдија дека младиот човек и двете девојки кои исчезнаа кога ги однесе порој кај Удине, Италија, се Романци. Видеото на кое се гледа како се прегрнуваат среде порој додека водата навлегува стана вирална и донесе солзи не само во Италија, туку и во регионот.

Според италијанските медиуми, поплавата ги однела Патриша Кормос (20), Бјанка Дорос (23) и нејзиниот вереник Кристијан Касијано Молнар (25).

Наводно се сликале покрај реката Надижа, кога нивото на водата наеднаш почнало да расте. Кога водата дошла до нивните глуждови и колена, тие се прегрнале и чекале помош, надевајќи се дека ќе ја совладаат силата на реката. За жал, спасувачите не успеале да ги извлечат, а младите исчезнаа во поројот.

Чантата на Патриша е пронајдена во реката, а внатре бил нејзиниот телефон. Спасувачите сега ја пребаруваат областа.

Патриша е студентка во втора година на Академијата за ликовни уметности во Удине и живее во Кампоформид со своето семејство.

Втората исчезната девојка е Бјанка Дорос (23), која пред неколку дена дошла од Романија во Удине за да ги посети нејзините родители кои живеат таму.

Младиот човек кој исчезнал со нив е момчето на Бјанка, Кристијан Касијан Молнар (25), кој живее во Романија. Тој неодамна пристигна во Италија од Австрија, каде што живее неговиот брат.

„Секогаш постои надеж дека ќе ги најдеме живи, но знаејќи ја реката, колку повеќе минува времето, толку е потешко да ги вратиме назад. Поплавите од оваа големина не се невообичаени. Не разбирам зошто беа таму во тие услови“, рече советникот за јавни работи Премаријака, Антонио Мишелути.

Би можело да ве интересира

Пронајдени телата на двете девојки кои ги однесе порој во Италија, се трага по момчето

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се зголемува бројот на жртвите во поплавите во Тоскана

Предраг Петровиќ