(ВИДЕО) Морничав случај во Грција: Син го запалил телото на татко му, делови пронајдени во корпа

Од:

Во областа Лиосија во Грција, во дворот на семејна куќа полицијата пронашла јагленисано тело на постар маж. Иако прво биле речиси сигурни дека се работи за убиство, по разговорот со синот на починатиот старец почнале да водат паралелна истрага. Сега се истражува дали човекот навистина бил убиен, а потоа запален или, како што тврди неговиот син, починал од природна смрт уште во февруари, а потоа бил запален.

Сепак, едно е сигурно: несреќниот маж го изгорел сопствениот син, што и самиот го потврдил во изјавата во полиција.

-Не можев повеќе да го издржам непријатниот мирис и морав да го запалам татко ми – изјавил 57-годишниот маж во полиција.

Според медиумите во Грција, се шпекулира дека старецот починал во февруари, но неговиот син наводно немал пари за погреб, па телото на починатиот останало во куќата. Дури кога од дворот почнала да доаѓа неподнослива смрдеа, соседите се посомневале дека нешто не е во ред и ја известиле полицијата.

Во разговор со новинарите соседите откриле дека односите меѓу сега починатиот татко и син биле веќе нарушени подолго време. Наводно, често се расправале, а таткото за синот би рекол дека му е здодевен и го оптоварува. Соседите изјавиле и дека синот на несреќниот старец е многу образован, но има психички проблеми. Исто така, старецот еднаш се пожалил на еден од соседите дека неговиот син наводно физички го малтретирал.

Додека се чекаат резултатите од обдукцијата, синот на несреќниот старец тврди дека нема никаква врска со неговата смрт.

– Не го распарчив. Додека го носев надвор од куќата на душек, некои делови од телото паднаа – синот на починатиот се обиде да им објасни на шокираните полицајци зошто во корпата за отпадоци пред куќата има череп и стапала за кои постои сомневање дека се на починатиот.

Полицијата утрово во присуство на обвинител на лице место извела 57-годишен маж за да опише под кои околности и зошто го запалил душекот на кој се наоѓале посмртните останки на неговиот татко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција