Силно невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат евакуирани со хеликоптер.
Во областа на баварскиот град Аугсбург, жителите мораа да бидат евакуирани поради дефект на насип и брана, соопштија властите.
Поради поплавите, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу главниот град на Баварија Минхен, Брегенц во Австрија и Цирих во Швајцарија.
In Fischach im Landkreis Augsburg wurden Menschen mit einem Hubschrauber aus ihren von den Fluten eingeschlossenen Häusern gerettet. Im Landkreis Augsburg gilt seit dem Morgen der Katastrophenfall und es werden Orte teilweise evakuiert, weil das Wasser nach einem Dammbruch weiter… pic.twitter.com/9mGLDrKkTi
— Unwetter-Freaks (@unwetterfreaks) June 1, 2024
Во прекин беше и линијата меѓу Улм и Аугсбург, а меѓуградските возови на релација Штутгарт-Минхен беа пренасочени.
Жителите на баварскиот град Фишах, западно од Минхен, биле изнесени со хеликоптер од своите домови откако се излеа реката Шмутер.
Мештаните инаку не можеа да ги напуштат своите домови, изјави портпаролката на окружните власти. Според полицијата, службите за итни случаи и чамците ќе ги преземат луѓето во поплавените домови. Неколку соседни области прогласија вонредна состојба бидејќи дождот продолжува да паѓа и нивото на водата расте.
Во сојузната покраина Баден Виртемберг, западно од Баварија, ситуацијата брзо се влоши откако реката Ротум почна да се излева на неколку места.
Во малиот град Рајнштетен, 150 служби за итни случаи работат повеќе од 22 часа за да ја ублажат поплавата што се случи по пукањето на браната, изјави градоначалникот Филип Буеркл за ДПА.
Буеркл рече дека противпожарните служби од блиската област пумпаат вода од подрумот и дистрибуираат вреќи со песок. Досега е евакуиран само еден дом за стари и изнемоштени лица во кој престојувале 15 лица.
На околу 55 километри северно, властите во малиот град Визенштајг наложија задолжително за неговите 2.100 жители да ја зовриваат водата за пиење откако поплавите навлегоа во локалната водоводна постројка.
Училиште во селото Мекенбеурен, во близина на езерото Констанца, мораше да биде евакуирано откако локалната река проби вреќи со песок поставени околу него.
Германската метеоролошка служба предвиде дополнителни грмежи и до 80 литри дожд на метар квадратен во јужните делови на Германија. Невремето се очекува да продолжи и утре.