Синоќа, Русија изврши еден од најголемите воздушни напади врз Украина во последно време. Како што пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на извори во украинската армија, насилниот напад бил насочен кон критичната украинска инфраструктура во неколку региони.
Civilian people, infrastructure, and energy facilities. This is what Russia is constantly at war with. This night, another barrage of over 50 missiles of various types and around 50 “Shahed” drones targeted the south, center, and west of Ukraine.
I am grateful to our warriors… pic.twitter.com/1tmt6aly08
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 1, 2024
Украинските воздухопловни сили објавија дека нивната противвоздушна одбрана соборила дури 81 руски воздушни цели, и тоа:
30 крстосувачки ракети Kh-101 и Kh-555
4 крстосувачки ракети Калибр
Една крстосувачка ракета Искандер-К
46 борбени дронови од иранско производство од типовите Шахед 161 и Шахед 136.
Украинската воздушна одбрана собори 35 од 53 руски ракети и 46 од 47 руски беспилотни летала, изјави командантот на воздухопловните сили.
Нападот оштети енергетски објекти во пет региони низ Украина, соопштија официјални лица. Украинскиот национален мрежен оператор Укренерго објави дека нападот оштетил енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточен Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и западниот регион Ивано-Франковск.
„Утрово Русите извршија уште еден напад врз украинските енергетски капацитети. Ова е веќе шести масивен, комплексен напад со ракети и беспилотни летала врз цивилна енергетска инфраструктура од март“, објави Укренерго.
Од март, Русија го засили бомбардирањето на електричната инфраструктура на Украина, оневозможувајќи поголем дел од производството на топлинска и хидроенергија, предизвикувајќи прекини на струја и туркајќи го увозот на електрична енергија на рекордно ниво.
ДТЕК, најголемата приватна компанија за електрична енергија во Украина, рече дека две нејзини термоелектрани биле погодени за време на нападот и дека опремата била „сериозно оштетена“.
Регионалните власти известија дека по ударот пожарникарите гаснеле пожари на неколку локации. Засега нема извештаи за жртви.
Според некои украински медиуми, синоќешниот напад би можел да биде одмазда за одлуката на САД да и дозволи на Украина да користи американско оружје за да нападне цели на руска територија.