Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Од:

Татков праг“ е насловена книгата од Данче Христова Младенова, која попладнево беше промовирана во Домот на културата „Иван Мазов – Климе” во Кавадарци. Оваа културна установа всушност е и издавач на книгата.

Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова вели дека како институција, поддржуваат културно творештво од различен вид и од сите генерации. Кавадарци, нагласува таа, е расадник на таленти и град што има културно – забавен живот, град што дал голем број на културни уметници, што се вистински амбасадори во земјава и странство.

Инаку, Општина Кавадарци организира културно лето во наредните три месеци. Според програмата за реализација усвоена од општинскиот Совет на последната седница, на агендата се културно уметнички настани, едукативни работилници, претстави, ликовни колонии, проекции на филм и други случувања.

Во програмата се и хумористичен настан, но и случувања поврзани со традиција, храна, вино и ракија, бабини игри, но и детски и ритмички игри, цртање на лица, подготовка на коктели, боемски настан, фестивал на чалгиска музика, фолклорни средби, гурмански викенд.

Според финансискиот извештај, реализацијата на оваа програма чини 400 илјади денари.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ