Чешкиот министер за надворешни работи им рече на новинарите дека неговата земја нема „никаков проблем“ со тоа што Киев користи муниција обезбедена од Прага за да погоди цели на руска територија.
„Чешка нема проблем со тоа Украина да се брани од агресори“, изјави Јан Липавски пред состанокот на министрите на НАТО во чешкиот главен град.
Ова ги вклучува „нападите кои нужно мора да се извршат на руска територија“, продолжи Липавски.
„Тоа е правилото за испорака од Чешка“, рече тој.
Министрите за одбрана на Европската унија претходно во вторникот не успеаја да постигнат консензус за дозвола на Украина да користи западно оружје за напад на руска територија, за што рускиот претседател Владимир Путин рече дека си „играат со оган“.
Членките на ЕУ веќе се согласија колективно да обезбедат воена помош за Украина. И додека некои земји и обезбедуваат оружје на земјата зафатена од војна со минимални барања, други го прават тоа под услов оружјето да се користи само на територијата на Украина.
Киев тврди дека мора да ја таргетира Русија бидејќи таа ја напаѓа Украина од нејзина територија.