Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ, веќе нема да се брани со молчење, решил да зборува за случајот со девојчето чиешто тело се уште не е пронајдено два месеци по нејзиното исчезнување, дознава „Блиц“.
Двегодишното девојче исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор во Србија, а полицијата 10 дена по претресот ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ од Бор. Се сомневаат дека девојчето го удриле со автомобил, го ставиле телото во багажникот и го однеле на депонија.
Телото на двегодишната Данка се уште не е пронајдено.