Зеленски: Русија собира нови војници во близина на границата

Од:

Русија собира уште една група војници во близина на границата и се подготвува за нов офанзивен обид, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до светските лидери во пресрет на мировниот самит од Харков, пренесуваат украинските медиуми.

„Русија е единствениот извор на агресија и постојано се обидува да ја прошири војната. Буквално сега, деновиве, се браниме 60 километри североисточно од ова место од нов обид за руска офанзива. Досека Русија се обидува со офанзивни дејствија на 90 километри од тука (од Харков) кон северозапад – друга група војници се собираат во близина на нашата граница.

Тој нагласи дека Русија им се заканува на речиси сите свои соседи, е единствената земја што запленила нуклеарна централа и отворено ја користи за радијациона уцена.

„Нема ништо што не би станало оружје за Русија, вклучително и гладот, а токму тоа го почувствува светот кога Украина беше погодена од руската поморска блокада“, нагласи украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Разговараа американскиот и рускиот министер за одбрана, објавија различни верзии за разговорот

ВИДЕО: Силен удар на Крим, убиени две деца

Предраг Петровиќ

Украинци мислеле дека бегаат од земјата, па биле регрутирани „на измама“

Предраг Петровиќ

Во соседтвото никнува најголемата НАТО база во Европа

ВИДЕО: Русија рано утринава нападна, снимени руски ракети кои летаат кон Киев

ВИДЕО: Руските напади уништија голем дел од украинската енергетска инфраструктура