Германија на Киев му ја обезбеди сета воена помош што можеше, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува порталот „Н-тв“.
Авторот на написот потсетува дека Германија досега на Украина и испорачала оружје во вредност од 28 милијарди евра, како и два системи за противвоздушна одбрана „патриот“.
„Навистина ги достигнавме границите на можното по ова прашање… Наша одговорност е да и помогнеме на Украина во нејзината одбранбена борба, додека избегнуваме конфликтот да се претвори во војна Русија-НАТО“, рече Шолц.
Во тој контекст, тој повтори дека Берлин не е подготвен да го снабди Киев со ракетите со долг дострел Таурус што ги бара Украина.
Берлин вчера најави испраќање нов пакет помош за Киев, кој меѓу другото вклучува тенкови „Леопард 1“, беспилотни летала и 8.500 гранати од 155 мм. „Шпигел“ напиша дека Украина добила и четврти систем „ирис-Т“ од Германија.