ВИДЕО: Русите нападнаа трговски центар во Харков, најмалку двајца мртви

Од:

Најмалку две лица загинаа денеска во руски напад врз специјализиран трговски центар кој продава градежни производи во Харков, вториот по големина град во Украина во регионот кој е цел на руски напади повеќе од две недели.

„Сигурно знаеме дека две лица загинаа“, рече градоначалникот на Харков, Ихор Терехов на Телеграм. Гувернерот на регионот Олех Синехубов изјави дека во нападот се повредени четири лица. Тој рече дека две наведувани бомби го погодиле трговскиот центар, по што пожарот зафатил 15.000 квадратни метри.

„Голем број луѓе се исчезнати, а многу се повредени. Ова е чист тероризам“, изјави градоначалникот Терехов.

Пред војната, Харков имаше милион и пол жители. Станува збор за град во близина на руската граница во североисточна Украина и редовно е цел на напади на руските воени сили, кои на 10 мај започнаа копнена офанзива врз целата област Харков. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „повеќе од 200 луѓе“ можеле да бидат во трговскиот центар за време на нападот.

„Во моментов знаеме дека можеше да има повеќе од 200 луѓе во трговскиот центар. Сите служби кои помагаат во гаснењето на пожарот и спасувањето на луѓето се веќе на терен“, изјави Зеленски за Телеграм.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски