Директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин денеска изјави дека атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицo е обид да се убие политичар кој не им се допаѓа на „либералните елити“.
Наришкин истакна дека плановите на нарачателите на нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва не се ограничени само на Комонвелтот на независни држави (ЗНД), кој вклучува девет земји од поранешниот Советски Сојуз, туку дека „областа на нивните операции е многу поголема“, пренесува ТАСС.
„Неодамнешниот обид за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо кажува многу. Тој не им се допаѓа на либералните елити бидејќи се осмели да ги застапува националните интереси на својата земја и народ“, рече Наришкин.