Вчера вечер имало пукање во кафетерија во Истанбул, во кое има мртви и ранети.
Според турските медиуми, загинале три лица, а петмина се повредени.
Две ривалски „екипи“ се сретнале во кафулето, за да се обидат да го надминат меѓусебниот конфликт, но дошло до расправија која прераснала во вооружен судир.
Престрелката се случила во Истанбул во областа Ускудар.
„Дискусијата помеѓу две групи во барот на улицата Ајазма околу 20 часот прерасна во вооружена пресметка. Три лица загинаа, а двајца од петмината повредени се во животна опасност“, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.