Родителите на жртвите го нападнаа масовниот убиец од Младеновац

Од:

Родителите на жртвите од масакрот во Младеновац го нападнале масовниот убиец Урош Блажиќ веднаш штом бил внесен во судница, по што убиецот Урош и неговиот татко веднаш биле изнесен од судницата.

Во судницата настана хаос кога Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша со наведнати глави влегоа во судницата. Тогаш родителите скокнале и почнале да фрлаат столчиња во нивна насока. Во тој момент мајката на убиените Кристина и Милан Паниќ зела шаржер на полицаецот.

– Му го зедов шаржерот на полицаецот! Кога влезе во судницата, сите скокнаа исто како и мојот сопруг и јас. Пукаше во моите деца, нема да му се суди, јас ќе му судам – ​​извика мајката на Кристина и Милан Паниќ пред судот.

Двајцата обвинети експресно беа евакуирани од судницата. Денеска требаше да започне нивното судење, а засега е непознато кога тоа ќе се случи.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Мајка на две убиени деца во масакрот кај Младеновац: „Немам деца, болката се засилува, секое судење ни е се потешко затоа што мораме да го гледаме“

А1он

Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот ќе те чекам, се заколнав дека ќе се одмаздам

Горан Наумовски

Урош Блажиќ ја призна вината

Горан Наумовски

Урош Блажиќ призна сѐ: Убиецот од Младедонав даде своја одбрана за извршениот масакр

(ВИДЕО) Годишнина од масакрот во Орашје и Дубона: Дојдоа и родителите на убиените деца од „Рибникар“