Маж во САД вчераутро украл полициско патролно возило во Лос Анџелес додека полицајка била внатре, а потоа удрил во неколку автомобили на раскрсница во центарот на градот, пишува NBC News.
Околу 3 часот и 30 минути, напаѓачот скокнал во патролен теренец и почнал да вози. Полицајката во одреден момент била исфрлена од возилото, информираат од полицијата. Мажот потоа при кратка бркотница удрил во неколку автомобили и скутери, а потоа го оставил возилото и побегнал. Набргу потоа бил уапсен.
За време на инцидентот повредени се најмалку три лица, меѓу кои и една полицајка, но никој од нив не е во животна опасност. Како дел од обезбедувањето, полицајката патролирала околу празните облакодери, познати како „Кули на графити“, кои биле нападнати од вандали.
Изградбата на комплексот започна во 2015 година, но работата запре во 2019 година кога кинескиот изведувач остана без пари.