Словачките власти ја истражуваат можноста дека осомничениот за обидот за атентат на премиерот Роберт Фицo не дејствувал сам, како што претходно се веруваше, изјави министерот за внатрешни работи Матус Сутај Есток.
Фицо (59) беше тешко ранет од огнено оружје додека се поздравуваше со приврзаниците по седницата на Владата во средата на 15 мај во поранешниот рударски град Хандлов.
Во меѓувреме тој е опериран и се наоѓа во болницата во Банска Бистрица. Официјалните лица рекоа дека тој и понатаму е во сериозна, но не е опасна по живот состојба и дека прогнозата е позитивна.