Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во атентатот, е сериозна, но стабилна, а прогнозите се позитивни, изјави денеска вицепремиерот и министер за одбрана Роберт Калињак.
Калињак за новинарите изјавил дека лекарите на утринската консултација утврдиле дека премиерот е надвор од животна опасност, но дека неговата состојба е сериозна, пренесува порталот „Актуалност“.
Лекарите одлучија Фицо засега да не биде префрлен од болницата во Банска Бистрица.