Најмалку 20 лица загинаа, а неколку се повредени во израелски воздушен напад врз бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, јави палестинската новинска агенција Вафа.
Акцијата за пребарување и извлекување луѓе од урнатините се уште е во тек. Израелската армија постојано го гаѓаше кампот Нусејрат, а во средината на мај најмалку 40 луѓе беа убиени кога беше погодена станбена зграда на југот на кампот.
Истовремено, израелската армија објави дека двајца израелски војници се убиени во јужниот дел на Појасот Газа, пишува Тајмс оф Израел.
Израелската армија ја насочи својата офанзива на јужниот дел на палестинската енклава каде, според Израел, се кријат преостанатите бригади на палестинската милитантна група Хамас.