Тинејџер од Босна и Херцеговина се заканувал дека ќе разнесе продавници во Виена

Од:

Во Регионалниот суд во Виена се појавија 10 малолетни лица кои беа обвинети за тешки кривични дела и кои дејствувале како организирана група, предводена од тинејџер од Босна и Херцеговина (17), кој е и првообвинет.

Покрај лидерот од Босна и Херцеговина, меѓу обвинетите има и малолетници од Сирија, Ингушетија, Русија, Чеченија, Турција, Сомалија и уште еден од Босна и Херцеговина. Исто така, има и малолетник без државјанство како и Австриец.

Тие се товарат за злосторничко здружување, изнуда, рекет, тешка кражба, оштетување на туѓ имот, како и кршење на Законот за оружје.

Доколку бидат прогласени за виновни, може да се соочат со казна затвор до 15 години.

Обвинението, кое е детално составено на дури 133 страници, содржи бројни инкриминирачки докази пронајдени на телефоните на обвинетиот, меѓу кои и видеото каде малолетник од Босна и Херцеговина се фали дека направил експлозивна направа, за која материјалот го набавил во Чешка, каде што престојувал во септември 2023 година. Покрај материјалите за бомбата, наводно набавиле и оружје, за што во едно видео зборува овој тинејџер од БиХ.

Граѓанин на Босна и Херцеговина во едно од спорните видеа со експлозив рекол: „Или ќе умрам или ќе добијам доживотна казна, но јас сум сериозен“, се вели во обвинението.

Да потсетиме, осомничените, од кои 10 на возраст од 14 до 21 година, подолго време тероризирале и ширеле страв во виенскиот кварт Меидлинг. Тие, наводно, користеле молотови коктели, калашникови, ножеви и мачети за да влеат страв и да ги уценуваат локалните трговци.

Меѓутоа, грабежите не им биле единствената активност. Се повеќе има индиции за исламистичката заднина на осомничените, чии имиња се споменуваат во опширното обвинение што е покренато.

Просториите на џамијата во Меидлинг се наведени како главно место за собирање на оваа млада банда. За време на сослушувањето, некои од малолетниците изјавиле дека нивната група ја следела исламистичката идеологија, а тројцата осомничени наводно биле симпатизери на Исламската држава (ИД), пренесува Независне новине.

Во обвинението се наведува и дека 17-годишниот државјанин на Босна и Херцеговина веќе бил забележан преку контакти со луѓе од радикалното исламистичко милје. Се вели дека и еден малолетник напишал „текстови кои го глорифицираат насилството“.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Вработени во МВР им продавале тајни податоци на криминалци

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи

Приведени криминалци во Скопје барани со потерници за извршени кражби

Горан Наумовски

Терористот од Виена се пофалил со напад на своите пријатели, уапсен е и 18-годишник од Ирак

Еден од уапсените терористи од Виена детално ги опишал плановите за нападот на концертот на Тејлор Свифт

Горан Наумовски