(ВИДЕО) 14 лица се повредени во судир на возови во тунел во Белград

Од:

Четиринаесет лица се повредени во петокот, од кои четворица потешко, во судир на товарен и патнички воз кој поминал на црвено светло во тунел во Белград, изјави министерот за транспорт Горан Весиќ.

– Машиновозачот, контролорот и двајца патници се пренесени во Ургентниот центар, изјави Весиќ.

На девет патници им било дозволено да си одат дома бидејќи немале сериозни повреди.

„Имавме среќа. Немаше жртви, тоа е најважно“, рече министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој го посети местото на несреќата, на околу 4 километри од центарот на Белград.

Дачиќ рече дека на местото на несреќата се испратени 25 пожарникари со седум возила бидејќи медицинските екипи не можеле да пристапат на местото.

Според Весиќ, патничкиот воз „среде тунел“ налетал на товарниот воз што стоел таму.

Би можело да ве интересира

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Властите во Белград планираат да ги отстапат автобусите Соларис на Скопје

А1он

Русинка падна од шести кат од зграда во Белград, за чудо преживеа

А1он