На Фицо му претстои уште една операција

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој вчера беше тешко рнает во градот Хандлов, го чека уште една операција, пишува словачкиот портал Правда.

Абдоминалното крварење на Фицо е запрено, но тој се соочува со операција на колкот.

Во меѓувреме, полицијата го обвини напаѓачот на премиерот за убиство со умисла и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.

Како што пренесува порталот, напаѓачот, за кого медиумите пренесуваат дека е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, рекол дека е горд на својот чин.

РТВС објави дека напаѓачот моментално се наоѓа во ќелијата на Националната агенција за криминал во Нитра.

Лекарите во текот на ноќта успеале да ја стабилизираат состојбата на словачкиот премиер по вчерашниот атентат, но се уште е тешко, соопшти претходно денеска директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова.

Два медицински тима го оперираа словачкиот премиер пет часа.

„Во моментов се преземаат дополнителни активности за подобрување на неговата состојба“, рече словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак.

Словачкиот министер за внатрешни работи Матус Шутај Ешток денеска побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за национална безбедност, а Владата ќе одржи седница.

Министерот за внатрешни работи информираше дека ќе ја зајакне заштитата на политичарите и одредени медиуми, пренесува словачки та3.

Напаѓачот пукал пет пати, по што полицијата веднаш го привела, а премиерот веднаш бил префрлен во болницата во Банска Бистрица.

Би можело да ве интересира

Фицо: „Планот за победа“ на Зеленски е апсолутно нереален и неостварлив

Горан Наумовски

Роберт Фицо по атентатот на Трамп: „Сценариото е целосно копирано“

Фицо шокираше со првата изјава: Секоја чест на Орбан, би му се придружил

Првото појавување на премиерот по атентатот

Предраг Петровиќ

Атентатот на словачкиот премиер Фицо е преквалификуван како сериозен терористички акт

Фицо: Словачка нема да се впушта во воени авантури