(ВИДЕО) Застрашувачки зборови на Фицо пред атентатот: Чекам фрустрацијата да предизвика убиство

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата по состанокот на владата во Хандлов, предвиде насилство врз владини претставници минатиот месец.

Фицо, кој синоќа беше опериран по пет истрели и е во тешка состојба, во април зборуваше за можното убиство на водечките политичари во Словачка. Одговорноста за атмосферата во општеството ја препиша на противниците во опозицијата и на критичарите во независните медиуми.

„Ако атмосферата не беше опасна за целото општество, ова ќе беше смешно“, рече Фицо во објава на Фејсбук на 10 април, непосредно по претседателските избори.

„На улица грубо се навредуваат владините политичари, а јас само чекам оваа фрустрација, која Деник Н, Сме и Актуалити толку интензивно ја продлабочуваат, да се претвори во убиство на еден од водечките владини политичари. Не претерувам ниту за милиметар“, изјави Фицо пред еден месец во пресрет на неговиот атентат.

Би можело да ве интересира

Фицо: „Планот за победа“ на Зеленски е апсолутно нереален и неостварлив

Горан Наумовски

Роберт Фицо по атентатот на Трамп: „Сценариото е целосно копирано“

Фицо шокираше со првата изјава: Секоја чест на Орбан, би му се придружил

Првото појавување на премиерот по атентатот

Предраг Петровиќ

Атентатот на словачкиот премиер Фицо е преквалификуван како сериозен терористички акт

Фицо: Словачка нема да се впушта во воени авантури