Израелската војска објави снимка од беспилотно летало на вооружени мажи кои стојат до возило означено со ОН во комплексот на Обединетите нации во градот Рафах, јужна Газа, и ги повика ОН да истражат.
Портпаролката на УНРВА, Џулиет Тума, рече дека агенцијата не може да ја потврди автентичноста или содржината на видеото, ниту точното време или локација, но дека видеото најверојатно го покажува складиштето на УНРВА во Рафах, кое вработените го напуштиле минатата недела.
Таа рече дека брашното и некои возила означени со ОН биле оставени во објектот кога бил напуштен по израелската наредба за евакуација издадена пред израелските сили да ја окупираат палестинската страна на египетскиот премин Рафах.
„УНВРА ја осудува употребата на објектите на ОН од која било страна во конфликтот за воени/борбени цели“, се вели во соопштението на Тума, повикувајќи ги сите страни да ја почитуваат неутралноста на објектите на ОН.
Според неа, во никој случај никој не смее да има или да користи оружје во објектот на ОН.