Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска е застрелан во стомакот и градите, пренесува словачкиот весник Правда.
Како што јавија дел од словачките медиуми, состојбата на повредениот премиер е сериозна, но неговиот живот е надвор од животна опасност и наскоро ќе биде опериран.
Тој, наводно, бил погоден со два до три куршуми, бидејќи напаѓачот испукал пет куршуми кон него.
Според извештајот, Фицо, според очевидци, им пришол на граѓаните, по владината седница во градот Хандлов, на околу 150 километри од Братислава, а напаѓачот, наводно, пред да отвори оган, му рекол: „Робо, дојди овде”.
Откако неговите телохранители брзо го одведоа од местото на атентатот, Фицо беше ставен во хеликоптер и пренесен во болница. Полицијата веднаш го совладала напаѓачот.