ЦИА: САД во БиХ вооружувале муслимани од страв од иранско влијание

Од:

Документи од американската разузнавачка служба (ЦИА) кои се веќе достапни за јавноста, а кои официјално ќе бидат објавени кон почетокот на октомври, откриваат дека заменикот директор на ЦИА Џон Генон во еден момент на американскиот државен врв им предложил вооружување на муслиманите во БиХ, под услов Иранците кои имале се поголема улога во официјално Сараево, да бидат испратени во својата земја.

Во информацијата од состанокот од Белата куќа, свикан од ЦИА пет дена подоцна, јасно се гледа дека иранското прашање било едно од важните мотиви за вооружување на муслиманите. Американскиот претседател Бил Клинтон на тој состанок побарал информација за ангажманот на САД во вооружувањето и обуката на муслиманските сили.

„Потребно е да се направи напор преку програмата ‘Опреми и обучи’ во замена властите да направат сериозни напори и да ги испратат Иранците дома“ – му одговорил Генон. Клинтон побарал и информација за степенот на закани кон американските сили во БиХ кои доаѓале од Иранците и што е преземено како американски одговор. Сумирајќи ги разузнувачките информации за иранската активнсот во БиХ, заменик шефот на ЦИА им рекол дека на властите во Сараево им недостасуваат ресурси за контрола на тие активности и оти не можат да дадат цврсти гаранции за повлекување на Иранците, пренесува бањалучкиот весник „Глас Српске“.

Асистентот на државниот секретар за европски и канадски прашања Ричард Холбрук се согласил дека постои сериозен проблем, но навел дека заканата набрзо ќе се намали поради напредокот во преговорите со трите спротиставени страни во БиХ. Учесниците на состанокот утврдиле едиснтвен став дека САД треба да развијат повеќе механизми за Иранците да бидат истерани од БиХ.

Инаку, за документите кои се подготвуваат за објавување ќе зборува некогашниот американски претседател Бил Клинтон на конференција најавена за октомври.

Се очекува на таа конференција да бидат понудени бројни одговори за улогата на американската администрација во воените случувања на просторот на поранешна Југославија. Се уште постојат бројни контраверзии околу тоа колку Американците помагале на едните, а одмагале на други завојувани страни. Беше очекувано дека бројните хашки судења ќе откријат значително повеќе податоци, но после одделни судски процеси останаа повеќе прашања отколку одговори, пишува сараевскиот портал Дневник.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски