Додека шефот на военото разузнавање на Киев предупредува дека борбите меѓу руските и украинските трупи во североисточниот регион Харков се движат „кон критична состојба“, украинската војска вели дека ситуацијата на линијата на фронтот е жестока, но под контрола.
„Ситуацијата не е критична“, изјави за „Њузвик“ потполковник Назар Волошин, портпарол на групата украински сили „Хортиција“ кои се борат во источна и североисточна Украина, иако додаде дека битките се „комплицирани и динамично се менуваат“.
⚠️#Ukraine – Front Nord Kharkov : Volchansk -1/2-
▶️Hier soir, l'armée🇷🇺 a pris le contrôle du bâtiment de l'administration de la ville (hôtel de ville)
➡️Il semblerait que la défense otano-kiévienne dans cette partie du front Nord ait commencé à s’effondrer…
⏬ pic.twitter.com/eej4kF8Ebk— Jacques Frère (@JacquesFrre2) May 15, 2024
Други украински извори се попесимистички. Генералот Кирило Буданов, шеф на киевската воена разузнавачка агенција ГУР, рече дека ситуацијата во Харков станува се покритична секој час. „Ние сме на работ“, изјави Буданов за The New York Times.
Руските војници во петокот отворија нов фронт во североисточна Украина. Московското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили презеле контрола врз неколку погранични села во регионот на Харков, вклучително и Бухруватка, населба западно од градот Вовчанск, која се наоѓа на околу пет километри од границата.
Украинските власти велат дека Вовчанск е под постојано бомбардирање, а војската на Киев вчера соопшти дека нејзините сили се борат против руските војници во северниот дел на градот. Илјадници луѓе ги напуштија пограничните области како Вовчанск од петокот.
Guten Morgen
Russische Truppen haben inzwischen den grössten Teil von Volchansk erobert. Das Zentrum des Ortes liegt bereits hinter ihnen.#Ukrainekrieg pic.twitter.com/VSfRQgMImI
— Debaser🇨🇭🇩🇪 (@Debaser83994181) May 15, 2024
Офанзивата во Харков ќе претставува сериозни предизвици за украинските сили во наредните месеци, објави американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната (ISW).
Московските трупи сè уште ги насочуваат своите главни напори на источниот фронт, велат украинските воени претставници, а Кремљ е фокусиран на заземање територии како што е Часив Јар, населба западно од градот Бахмут, контролиран од Русија, кој е клучен за одбраната на Украина. Затоа во моментов се обидуваат да ја истегнат линијата на одбраната и да ги одвлечат украинските сили од градот.
Сите наши сили се или тука или во Часив Јар“, рече Буданов. „Ги искористив сите сили што ги имаме. За жал, немаме никој во резерва“, вели тој.
Буданов вели дека целта на руската офанзива на североисток е да се прошират и онака слабите резерви на украински војници за да се одвлечат од одбраната на другите делови на фронтот. „Токму ова се случува сега“, вели Буданов. Буданов вели дека очекува Русија да направи голем притисок северно од Харков, во регионот Суми, во следните неколку дена. Тој вели дека вистинска мета на Русите е градот Шуми, 140 километри северозападно од Харков.