Специјалното обвинителство во Приштина денеска во отсуство поднесе обвинителен акт против тројца Срби, Љ.Ч, П.Б. и У.С. поради наводно воено злосторство врз цивилното население за време на конфликтот на Косово во периодот од 1998 до 1999 година.
Како што се наведува во соопштението на обвинителството, обвинетиот Љ.Ч. како службеник, односно директор на Окружниот затвор во Приштина, во периодот на конфликтот на Косово од 1998 до 1999 година, во затворот во Приштина и паралелно во Липјан, во соизвршување со други службеници од овие затвори, сторил кривично дело „воено злосторство против цивилното население“.
Како што се наведува понатаму во соопштението на обвинителството, другите двајца обвинети се товарат за истите кривични дела, кои наводно во својство на службени затворски чувари во Приштина и Липљан, во периодот на конфликтот на Косово во периодот од 1998 до 1999 година, во соизвршување со други службеници од овие затвори, извршиле кривично дело „воено злосторство против цивилното население“.