Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

Од:

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го предложил Андреј Белоусов за функцијата министер за одбрана бидејќи тој ресор треба да биде апсолутно отворен за иновации, воведување на сите напредни идеи и создавање услови за економска конкурентност.

„Многу е важно економијата на блокот да се вклопи во економијата на земјата и да биде во согласност со динамиката на сегашниот момент“, нагласи тој.

Песков објасни и дека актуелниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, како секретар на Советот за безбедност, истовремено ќе биде и заменик шеф на државата во Комисијата за воено-индустриски комплекс и ќе ги надгледува активностите на Федералната служба за воено-технички Соработка.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија